Турам: Навивачите на Милан брзо заборавија што стори Донарума за тој клуб

by
1 минути читање

Џанлуиџи Донарума
плачел по мечот со Шпанија поради свирежите кои ги доби од гледалиштето на „Сан
Сиро“, па иако имаше апели од повеќе страни за репрезентацијата да не се вметнува
во клупските ривалства, сепак се случи токму спротивното.

„Го*но едно, не си добредојден во Милано“ (ФОТО)

Како што е
познато, откако му истече договорот со Милан, Донарума се пресели во редовите на
ПСЖ како слободен играч на трансфер пазарот, а навивачите на „Росонерите“ сега
го сметаат за предавник младиот голман, но поранешниот дефанзивец на Парма и
Јувентус, Лилијан Турам смета дека навивачите на клубот од Милано брзо заборавија
што стори младиот голман за тој клуб.

Навистина не
можам да ги разберам луѓево, како можат да го заборават сето тоа за толку брз
период?
“ праша Турам во изјавата за „Тутомеркатовеб“.

Донарума беше
толку добар изминатите години во Милан, чудно е како луѓето толку брзо го
забораваат сето тоа, дури и да го тргнеме тоа настрана, на крајот се работи за
италијанската национална репрезентација
“ додаде тој.

Ова е професија,
носите одлуки, луѓето сметаат дека фудбалерите секогаш се виновни кога ќе
одлучат да си заминат
“ заклучи Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани