24фудбал

„Го*но едно, не си добредојден во Милано“ (ФОТО)

Иако се правеа напори репрезентацијата да се остави настрана од ривалството по било кој основ, сепак ултрасите на Милан не успеаа да се воздржат, а да не си ги „расчистат“ сметките со младиот голман.

Италија

Џанлуиџи Донарума ги замоли навивачите на Милан да не му упатуваат навреди на неговото враќање на „Сан Сиро“ во Милано за пресметката на Италија против Шпанија во Лигата на нации, меѓутоа еден транспарент стави јасно дознаење дека тој не е добредојден.

Младиот голман го напушти клубот во летниот преоден рок, а направи трансфер во редовите на ПСЖ како слободен играч на трансфер пазарот откако му истече договорот со „Росонерите“, сценарио од кое италијанскиот прволигаш не доби ништо од обештетување.

Ултрасите на Милан не му простија за „предавството“, а со еден транспарент јасно му ставија дознаење на голманот дека нема да добие „топол пречек“ на враќањето на „Сан Сири“.

Донарума, го*но едно, не си повеќе добредојден во Милано“ стоеше на транспарентот.