Претседателот на
Реал Мадрид, Флорентино Перез вели дека за ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе би
можело да има вести уште во јануарскиот преоден рок, ако се земе во предвид
дека францускиот напаѓач подолг период е желба на „Кралевите“, а тој и самиот
сака да се пресели во шпанската престолнина.
„Во јануари ќе
имаме некои вести за Мбапе, се надеваме дека уште на 1 јануари се’ ќе биде решено“ изјави Перез.
Мбапе: Доаѓањето на Меси не ме предомисли, сакав да заминам
Актуелниот
договор на Мбапе со ПСЖ истекува идното лето, а тој уште во јануари ќе има
можност да преговара со заинтересираните клубови, а „Марка“ извести дека
изјавата на Перез е сигнал дека договор е веќе постигнат, а истиот ќе се
потврди во јануарскиот преоден рок.