24фудбал

Мбапе: Доаѓањето на Меси не ме предомисли, сакав да заминам

Килијан Мбапе даде уште едно голмо интервју, овој пат зборуваше за „Л'Екип“ објаснувајќи ја неговата ситуација и откривајќи детали од преодниот рок во кој сакаше да замине во Реал Мадрид.

Франција

Мбапе синоќа даде интервју за „РМЦ Спорт“, а сега излезе разговор со него во „Л'Екип“. Голем дел од прашањата се исти, но има и некои нови моменти.

„Доаѓањето на Меси не ме предомисли, не ја намали мојата желба да си заминам од ПСЖ. Привилегија е да се игра со Меси, тој е голем, но не ги носам одлуките импулсивно. За одлуката да заминам имам размислувано долго време“, вели Мбапе.

„Не заминав, но оваа сезона нема да видите однесување од мене како „Не ме пуштивте, ќе бидам лалбав сега“. Премногу го сакам фудбалот, имам огромна почит кон ПСЖ и кон себе, и ќе давам се од себе до последниот меч“.

„Дали 100 проценти заминувам? Во фудбалот сум доволно долго за да знам дека вчерашната вистина, не мора да биде и денеска. Доколку некој ми кажеше дека Меси ќе игра за ПСЖ немаше да верувам. Па факт е дека никогаш не се знае што може да се случи“.