24фудбал

Мбапе си ја отвори душата: Не ми се допадна потегот на ПСЖ, направија да изгледам како крадец!

Килијан Мбапе седна на разговор со Радио Монте Карло, напаѓачот вели дека уште во јули месец го известил ПСЖ дека сака да биде продаден бидејќи нема намера да стави потпис на нов договор.

Франција

Во последните денови од летниот преоден рок, Реал Мадрид тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, на маса беа ставени три понуди, последната вредна околу 200 милиони евра.

Сепак, ПСЖ не сакаше да слушне за продажба на напаѓачот и покрај тоа што тој ја одработува последната година од договорот и следното лето може да замине беспари.

Во разговор со Радио Монте Карло, Килијан Мбапе сега си ја отвори душата и откри што се случувало во летниот преоден рок.

„Побарав да го напуштам ПСЖ, тоа беше во јули месец, се решив на еден ваков чекор бидејќи немав намера да ставам потпис на нов договор и сакав клубот да добие обесштетување со кое ќе може да донесе квалитетна замена“ – вели Килијан Мбапе.

„Овој клуб ми даде многу, бев среќен изминативе четири години и се уште сум среќен. Им кажав порано за да имаат време да испланираат се. Сакав да се разделиме достоинствено со почит и им кажа, „Доколку не сакате да заминам, ќе останам““

„Луѓето велат дека сум одбил 6-7 понуди за нов договор, дека не сум сакал повеќе да зборувам со Леонардо, но тоа не е точно. Еден ден без објаснување од клубот ми кажаа, „Килијан во иднина ќе зборуваш само со претседателот“. Не знам зошто се случи тоа, но мојата позиција беше јасна, сакав да заминам и тоа го кажав уште во јули месец“.

„Не ми се допадна тоа што ПСЖ велеше дека сум побарал да заминам во последната недела од август... тоа не е точно. Направија да изгледам како крадец. Кажав дека сакам да си одам уште на крајот од јули“.