Фудбалер брутално нокаутираше судија, со лисици го напушти теренот и обвинет е за обид за убиство (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На дуелот помеѓу
Гуарани и Сао Паоло РС од шестата лига на Бразил, се случи сериозен инцидент во
кој учестуваше гостинскиот фудбалер Вилијам Рибеиро. Откако не му беше досуден
фаул, фудбалерот тргна да дели правда со судијата, го турна на земја и потоа со
нога го удри во глава.

Судијата остана
да лежи во безсознание, играчите веднаш ги повикаа медицинските лица да притрчаат
на помош. Делителот на правдата веднаш бил пренесен во болница поради бруталниот нокаут,
додека пак фудбалерот со лисици на рацете го напушти теренот и заврши во затвор.

Медиумите од
Бразил пренесуваат дека против Вилијам Рибеиро е поднесено обвинение за
обид за убиство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани