Србија со автогол ѝ подари бод на Р. Ирска, Хрватска убедлива во дербито со Словенија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Република Ирска и Србија одиграа исклучително возбудлив натпревар во кој гостите беа блиску до победата, но не дојдоа до неа.

Резултатот го отвори Милинковиќ – Савиќ во 20. минута кога погоди по асистенција од Тадиќ.

Во продолжението, особено во второто полувреме Србија пропушти многу шанси за гол, младиот голман на Ирска, Базуну имаше одличен меч.

На крајот Србите сами си ја напишаа казната, со автогол на Миленковиќ во 87. минута за конечни 1-1.

Хрватска со убедливи 3-0 ја совлада Словенија, Ливаја, Пашалиќ и Власиќ ги постигнаа головите за коцкастите.

Босна и Херцеговина во 95. минута пропушти победа против Казахстан.

Гостите поведоа со гол на Куат во 52. минута, но БиХ со погодоци на Пјаниќ и Менало направи пресврт и поведе со 2-1. Кога се очекуваше дека ќе ги освојат трите бода, примија гол на Зајнутдинов во 95. минута за 2-2.

Црна Гора одигра на свој терен 0-0 против Летонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани