Бразилската полиција отвори истрага за четворицата Аргентинци кои го прекршија протоколот

by
1 минути читање

Непријатната ситуација која се случи на мечот меѓу Бразил и Аргентина, се уште ја бранува јавноста.

Бразилската федерална полиција отворила истрага за четворицата аргентнски фудбалери кои го прекршиле протоколот.

Мартинез, Буендиа, Ло Селсо и Ромеро кои настапуваат во Премиерлигата, требаше да бидат во карантин, а не на терен, но тоа не се случи.

Сега тие се обвинети дека дале лажни информации за да го избегнат карантинот кој им следувал според мерките во Базил.

Тие кажале само дека доаѓаат од Каракас, каде го играа мечот со Венецуела, а сокриле дека во Јужна Америка пристигнале од Англија. Секој кој од Велика Британија ќе пристигне во Бразил треба да помине 14 дена во карантин. 

Фудбалерите си заминаа по прекинот на мечот, но бразилските власти отворија истрага.

Секој кој ќе биде обвинет за давање на лажни информации во Бразил може да добие затворска казна и до пет години. Но не се верува дека таков ќе биде случајот и со аргентинските фудбалери.

Информациите од Англија велат дека Тотнем ќе ги казни Ло Селсо и Ромеро за нивните улоги во инцидентот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани