Мартинез и Буендиа не сакаат во карантин па ќе патуваат во Хрватска, Тотнем ќе ги казни Ромеро и Ло Селсо

by
1 минути читање

Аргентинците се
вратија дома по синоќешниот циркуз против Бразил кога мечот беше прекинат по пет
минути игра, откако здравствените власти и полицијата влегоа на терен да ги уапсат
и депортираат Емилијано Мартинез, Емилијано Буендиа, Џовани Ло Селсо и
Кристијан Ромеро.

„Гаучосите“ веднаш
ќе почнат да се подготвуваат за мечот против Боливија, но ќе останат без Емилијано
Мартинез и Емилијано Буендиа.

Се говори дека двоецот
на Астон Вила добил залено светло за настап на само два натпревари и мора да го
напушти кампот на Аргентина. Интересно, тие нема да се упатат кон Англија и ќе
отпатуваат во Хрватска.

Доколку се вратат
на „островото“, ќе мора да бидат десет дена во карантин во хотел, па за да
останат во топ форма, десетина дена ќе престојуваат во Хрватска, каде ќе можат
нормално да тренираат и потоа да се вратат во Англија.

Во моментов не е
јасно што ќе се случи со Џовани Ло Селсо и Кристијано Ромеро, дали ќе бидат во
комбинација за дуелот со Боливија или и тие ќе отпатуваат во Хрватска.
Се говори дека
двајцата немале дозвола од Тотнем за ваква „екскурзија“ па ги чека казна кога
ќе се вратат во Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани