Узбекистанскиот фудбалер ова лето од Џенова се пресели во Рома и беше одличен на подготовките.
„Се се случи за една недела, Мурињо прво зборуваше со мојот агент а потоа со мене. Не можев да верувам дека се може да се случи толку брзо“, изјави Шомуродов.
Но Мурињо го ангажираше и Абрахам кој сега е прв напаѓач, а Шомуродов влегува од клупата.
„Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто, без разлика дали стартувам или влегувам од клупата. Сите ние имаме шанси. Малку ми беше тешко од почетокот да го прифатам тоа (доаѓањето на Абрахам), но сега се е добро. Можам да играм и заедно со него. Се уште не сме го пробале тоа, но Мурињо знае дека можам да играм и како крилен напаѓач“.
„Нашата цел е да се вратиме во Лигата на шампионите и да се обидеме да ја освоиме Конференциската лига“.
„Нема притисок во тоа да се работи со Мурињо, тој е нашиот учител и ние сме студентите. Тој е одличен психолог, тренинзите се навистина интересни“.