Доколку посакува да остане тренер на Барселона, Куман ќе мора да ја освои титулата во Примера

by
0 минути читање

„Диарио“
известува дека на шефот на стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман му е
укажано на тоа дека сезонава мора да ја освои титулата во Примера доколку
посакува да остане на кормилото на Каталонците.

Холандскиот фудбалски
стратег влезе во последната од двете сезони како тренер на Барселона, меѓутоа
тој е под притисок во битката за титулата, откако ланската сезона Каталонците
завршија на третото место.

Информацијата
истовремено ја сподели и „Кадена СЕР“, па сигурно ќе претстои тешка сезона за
Куман од повеќе аспекти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×