155
Се уште не е јасно дали во последните часови од преодниот рок Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид. Но додека траат преговорите тој го дава максиумот на теренот за ПСЖ.
Синоќа ги постигна двата гола во победата над Ремс. А по мечот Покетино очекувано беше запрашан и за иднината на Мбапе.
„Мбапе е наш фудбалер. Фудбалската индустрија е полна со шпекулации“, вели Покетино.
„Нашиот претседател и Леонардо се многу јасни. Мбапе е тука со нас и јас сум многу среќен што го имам. Тој е еден од најдобрите, тој е како подарок“.