ПСЖ добил ултиматум од Реал Мадрид за Мбапе, тврди „Ле Паризиен“

by
1 минути читање

„Ле Паризиен“
објави дека Реал Мадрид му поставил ултиматум на ПСЖ во однос на Килијан Мбапе,
со тоа што францускиот вицепрвак ќе мора да одговори на понудата најдоцна до
утрешниот ден.

Мбапе веќе влезе
во последната година од својот актуелен договор со ПСЖ, а се шпекулира дека е
расположен за трансфер во Реал Мадрид, но, од друга страна пак во ПСЖ чекаат на
трета понуда од „Кралевите“.

Последната понуда
на Реал Мадрид се верува дека изнесувала 170 милиони евра, а дополнително и 10
милиони евра во бонуси, меѓутоа наводно во ПСЖ посакуваат да ја вратат
инвестицијата од претходно во Мбапе по трансферот од Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×