286
Интер се мачеше да ја скрши Верона, Инзаги во игра го стави Кореа кој со два погодоци на своето деби го реши мечот и покажа дека ќе биде големо засилување за нероазурите.
„Ова беше прекрасен ден! Од дете сонував да дојдам тука, за првпат го облеков дресот на Интер и фала му на Бога победивме со мој гол“, вели Кореа.
„Ова првпат да постгнам два гола на деби, па навистина сум среќен и сакам да им се заблагодарам на соиграчите, тренерот и клубот кои покажаа верба во мене и направија да се почувствувам како многу години да сум тука“.
„Навивам за Интер од дете бидејќи тука играа многу Аргентинци. Кога имав 16 години требаше да дојдам тука, но тоа тогаш не се случи“.