100 годишен дедо во тефтер го има забележано секој гол на Меси па доби посебна честитка од Лео (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ѕвездата на
Барселона има огромна армија навивачи низ целиот свет, но никој не e како Дон Ернан.
Станува збор за 100 годишен дедо, кој во тефтер го има забележано секој гол на
напаѓачот, од почетокот на неговата кариера, па до сега.

Лео Меси дознал
што прави Дон Ернан, па откако триумфираше на Копа Америка, реши пријатно да го
изненади својот голем фан.

„Ја слушнав
твојата приказна. Ми изгледаше лудо, дури ниту јас не ги бележам така головите.
Сакам да ти испратам голема прегратка и да ти се заблагодарам за тоа што го
правиш, начинот на кој ја следиш мојата кариера“
– рече Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани