Меси: Чувствував дека Бог го чуваше овој момент за мене, против Бразил во финале, на нивен терен

by
1 минути читање

Колку му значи овој трофеј на Меси, кажува неговата изјава по натпреварот.

„Лудо е, ова чувство на среќа не може да се опише. Знаев дека во некогаш ќе се случи. Целта беше јасна и успеавме да бидеме шампиони. Среќата е неизмерна. Многу пати сонував за ова“, вели Меси по мечот.

„Му кажав на Ди Марија деа денеска ќе ја има својата одмазда и тоа се случи. Сакам да го споделам ова со оние соиграчи кои беа толку блиску многу пати и не успеаа. Ова исто така е за нив“.

„Чувствував дека Бог го чуваше овој момент за мене, против Бразил во финале во нивната земја. Големи заслуги за селекторот Скалони. Тој секогаш го сакаше најдоброто за репрезентацијата. Знаеше како да состави победнички тим и заслужува пофалби“.

„Јас требаше да се отргнам од тоа дедка не можам да освојам ништо со националниот тим, бев многу блиску многу години, знаев дека некогаш ќе се случи и мислам дека нема подобар момент од ова“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани