Меси конечно освои трофеј со Аргентина, триумф во Копа Америка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лео Меси се радува на трофејот кој најмногу го посакуваше, да освои нешто со репрезентацијата на Аргентина, тоа конечно се случи.

Синоќа во Рио, Аргентина со 1-0 го победи Бразил во меч кој не изобилуваше со шанси и фудбалска убавина. Тоа беше типичен јужноамерикански дуел со многу борба, прекршоци, лежења на теренот.

Клучниот момент се случи во 22. минута кога по одлична асистенција на Де Паул, Ди Марија погоди со лоб за водство на Аргентина од 1-0 кое значеше и победа.

Најдобрата шанса за Бразил беше во финишот од мечот кога Габриел Барбоса биеше но Мартинез го одбрани неговиот удар.

Пред крајот Меси имаше шанса да се запише и тој во листата на стрелците, излезе сам пред Едерсон, но голманот на Бразил одбрани.

Меси одигра фантастично првенство, беше убедливо најдобриот не само во Аргентина туку и воопшто на турнирот и сосема заслужено се радува на големиот трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани