Колумбија доби шест жолти картони, сите по фаули врз Меси!

by
1 минути читање

На колумбиските фудбалери јасно им беше од каде доаѓа најголемата опасност. Целта беше да се запре Меси.

За тоа не се бираа средства, се играше грубо врз аргентинскиот фудбалски ас, а статистиката е неверојатна.

Колумбија доби шест жолти картони, сите шест беа покажани по фаули врз Лео Меси.

На крајот мечот го доби Аргентина на пенали и се пласираше во финалето каде ќе игра со Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани