Бразил се пласираше во финалето од Копа Америка (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Бразил е првиот финалист на Копа Америка откако ја оправда улогата на фаворит и го совлада Перу.

Бразилците не беа убедливи, постигнаа само еден гол. Тој момент се случи во 35. минута кога по асистенција од Нејмар, Пакета реализираше за водство од 1-0, што беше и конечен резултат.

Во финалето Бразил го чека победникот од дуелот меѓу Аргентина и Колумбија, меч кој се игра ноќеска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани