93
Меси сонува за трофеј со националниот тим и според игрите кои Аргентина и тој ги покажуваат на Копа Америка, тоа може да се случи овој пат. До крајот имаат уште две пречки.
Ноќеска со 3-0 го совладаа Еквадор и се пласираа во полуфиналето.
Резултатот го отвори Де Пол во 40. минута кој ја смести топката во мрежата по додавање од Меси.
Во 84. минута Меси му асистираше и на Лаутаро Мартинез за 2-0. А во 93. минута од слободен удар тој се запиша и во листата на стрелците за конечни 3-0.
Аргентина во полуфиналето ќе игра против Колумбија која на пенали го исфрли Уругвај. Во регуларниот дел немаше голови.
Во пенал серијата Колумбија беше перфектна, Уругвај двапати промаши.