Бразил се протна до полуфиналето, тешка победа над Чиле (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразил се намачи за да дојде до триумф над Чиле, речиси цело второ полувреме го играа со фудбалер помалку, а Чилеанците имаа повеќе шанси за израмнување.

Единствениот гол го постигна Пакета во првата минута од второто полувреме. Тој во игра влезе на полувремето на местото од Фирмино.

Веќе во 48. минута Бразил остана со фудбалер помалку, Габриел Жесус доби директен црвен картон поради опасен старт.

До крајот Чиле беше подобар противник, во 62. минута ВАР им поништи гол поради офсајд, а ја погодија и пречката.

Бразил во полуфиналето ќе игра против Перу кој со 4-3 го совлада Парагвај.

Мечот меѓу Перу и Парагвај во регуларниот дел беше 3-3, Перуанците подобро ги изведоа пеналите и се пласираа во полуфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани