Меси ја инспирираше Аргентина до победа над Уругвај, минималец и за Чиле против Боливија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентина
обезбеди минимална победа од 1-0 против Уругвај доцна синоќа во второто коло од
Копа Америка, а „Гаучосите“ победата ја обезбедија со гол во раната фаза од
пресметката во Бразилија.

Родригез го
постигна голот за победа уште во 13 минута, по асистенцијата на Меси, со тоа
што Аргентина дојде до четири бода од два меча, откако во претходното коло
ремизираше со Чиле играјќи со резултат 1-1.

Чиле исто така обезбеди минимална победа во второто коло од групата „А“, во дуелот со Боливија, а единствениот гол на овој меч го постигна Бреретон во 10 минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани