Меси е загрижен: Ризик е за сите нас

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Аргентина, Лионел Меси не крие дека е загрижен за актуелната ситуација со
ковид-19 во Бразил, каде ќе се одигра овогодинешната Копа Америка.

На Бразил му беше
доверена улогата за домаќин на ова јужно американско натпреварување, откако Аргентина
и Колумбија отпаднаа поради крајно неповолната слика со пандемијата во тие
земји.

Сите сме
загрижени за ситуацијава бидејќи навистина е ризик за сите нас да не се
заразиме со ковид-19
“ рече Меси во пресрет на мечот против Чиле.

Иако се
обидуваме да ги послушаме сите совети кои ќе ни бидат упатени, сепак, не е
лесно, бидејќи потоа се случуваат карантини во тимовите, односно постои ризик
за такво сценарио
“ додаде тој.

Ќе се обидеме да
го дадеме најдоброто од нас за тоа да не ни се случи, меѓутоа понекогаш тоа и
не зависи само од нас, а се
може да се случи“ подвлече 33 годишниот Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани