„Кариоките “ дале зелено светло, Копа Америка според планот

by
1 минути читање

Високата стапка
на заразеност со ковид-19 доведе до ситуација бразилските фудбалери да се
заканат со бојкотирање на Копа Америка, меѓутоа подоцна бразилските медиуми
подоцна тврдеа дека причините се нешто сосема друго.

Наводно се работи
за скандалот кој произлезе од куќата на фудбалот во Бразил, каде претседателот
на таа федерација Рожерио Каблоко се здоби со суспензија поради сексуално
малтретирање и мобинг врз вработена.

Откако Аргентина
и Колумбија ја загубија улогата на домаќини за Копа Америка, таа улога му беше
доверена на Бразил, а избраниците на Тите веќе дале зелено светло за почеток на
возбудувањата.

Извори за „Марка“
тврдат дека фудбалерите на Бразил ќе објават и соопштение за јавноста во кое
јасно ќе наведат дека нема да го бојкотираат натпреварувањето, меѓутоа ќе протестираат
на еден симболичен начин.

„Глобо Еспорте“
извести дека соопштението ќе биде објавено по мечот со Парагвај, кој се игра
вечерва по полноќ (02,30ч.), а е дел од мундијалските квалификации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани