Адриано неодамна
имаше емотивна исповед во „Плејерс Трибјун“ и раскажа како смртта на неговиот
татко оставила дупка во неговата душа по која не можел да закрепне, паднал во
депресија, почнал да пие и тоа било крајот на успешната кариера која му се предвидуваше.
Бразилецот сега
седна на разговор со Газета дело Спорт за да го прокоментира успехот на Интер и
освоеното Скудето.
Адриано имаше
многу пофални зборови за Ромелу Лукаку, со кого почнал да се допишува минатата
година.
„Ромелу е многу
сличен на мене од сите гледни точки, не само поради физичките предиспозиции и тоа што е левак, туку и поради скромноста
и силната врска со семејството. Се работи за уникатен и технички надарен
фудбалер, никој не може да го сопре. Замислете јас и он заедно во нападот…
Мама миа!“ – вели Бразилецот.
„Се сретнавме во
видео повик на Инстаграм, Интер го организираше за време на „локдаунот“.
Претходно никогаш не сме разговарале. Потоа почнавме редовно да си пишуваме
порака, знае и португалски. Тој е сила на теренот но и неверојатен човек надвор
од теренот. Горд сум што сега тој е новиот „Император““.