Лукаку е среќен во Интер, има посебно чувство кон клубот и затоа излегол да прослави со фановите.
„Ова беше прекрасна годна за нас. Навистина сум горд што сум фудбалер на Интер. Имам посебно чувство кон овој клуб, затоа решив да прославам низ градот со фановите. Му реков на мојот пријател дека ова е најдобриот начин да се искуси тоа, да се биде таму со фановите“, вели Лукаку.
„За мене и многу соиграчи ова беше наша прва лига титула, па ова е момент кој сакавме да го споделиме со фановите“.
„Среќен сум за сите фанови на Интер во светот, за тимот, за персоналот, претседателот, за сите“.
„Минатата година исто така беше добра, но оваа е најдобра во мојата кариера. Прекрасно е, се надевам дека ќе продолжиме вака. Сакам да им се заблагодарам на сите. Навистина сум пресреќен“.