Очекувањата се
Златан Ибрахимовиќ да упати жалба за црвениот картон кој го доби на мечот кај
Парма каде неговиот Милан славеше со победа од 1-3, а шведскиот ветеран наводно
верува дека главниот арбитар погрешно разбрал што му коментирал во таа
ситуација.
Пиоли ги откри последните зборови на Ибрахимовиќ кон судијата пред да биде исклучен
Ибрахимовиќ доби
директен црвен картон од судијата Фабио Мареска кој воопшто не се двоумеше за
таа одлука, тоа се случи во моментите кога „Росонерите“ имаа водство од 0-2, а
станува збор за судија кому контроверзноста му е позната особина, откако во
јануари се судри со тренерот на Интер, Антонио Конте.
Според пишувањата
на „Скај Спорт Италија“, како и изјавата на тренерот на Милан, Стефано Пиоли по
мечот, голема е веројатноста да се работи за недоразбирање помеѓу Мареска и
Ибрахимовиќ.
По еден прекршок
Ибрахимовиќ му рекол на Мареска: „Значи не се грижиш за тоа што сакам да го кажам? Тоа е помалку чудно…“
во саркастичен тон, а наместо тоа, претпоставката е дека Мареска го слушнал
како го нарекува „ко*иле“.