147
Иако романскиот судија, Октавијан Шовре објасни дека автограмот кој го побарал е за хуманитарна цел, да го продаде на аукција и парите да бидат донирани во центар за деца и возрасни со тешки форми на аутизам, каде што тој постојано помага. УЕФА не покажа разбирање за неговиот потег.
„Целта на УЕФА е судиите да бидат почитувани како и играчите, работиме на тоа судиите да бидат атлети, авторитети, полни со почит и професионалци. Како ќе ве ценат играчите ако вие барате потпис или идрес од нив? Бараат ли тие нешто такво од вас? Ова е неприфатливо, се работи за достоинство“, вели Роберто Росети.