24фудбал

Познато е зошто судијата побара автограм од Халанд, причината го оправдува неговиот потег

Ден откако помошникот судија на синоќешниот меч во Лигата на шампионите побара автограм од Ерлинг Халанд по крајот на мечот, откриена е и причината за тоа.

Лига на Шампиони

Романскиот судија асистент, Октавијан Шовре се најде во центарот на вниманието откако по крајот на мечот меѓу Сити и Дортмунд, побара автограм од Халанд. Сепак причината за тоа е оправдана. 

Шовре со години помага центар за деца и возрасни со тешки форми на аутизам во регионот Бихор во Романија. Центарот се финансира со донации и подароци кои се продаваат на акуции. Судијата земал автограм од Халанд со цел да го продаде на аукција и средствата да ги донира на центарот.