Ливерпул синоќа
загуби со 3-1 кај Реал Мадрид во првиот меч помеѓу овие две екипи во
четвртфиналето од Лигата на шампионите, а хорор перформансите на Трент
Александер-Арнолд уште еднаш потврдија дека „Редсите“ имаат голем проблем на
бековските позиции каде ланската сезона „царуваше“ двоецот Робертсон-Арнолд.
Саутгејт го изостави Арнолд кој е вон форма сезонава, а Џерард смета дека таквата одлука е потрешна
Особено Арнолд
бележи катастрофална сезона зад себе, а 22 годишниот фудбалер синоќа особено
настрада во мечот против Реал Мадрид каде противниците на моменти и си
поигруваа со него.
Статистиката
доволно говори, дури 23 пати Арнолд го загубил поседот на топката, добил само
два од осумте дуели, а секако мора да се наведе и огромната грешка која
придонесе за гол на Асенсио за 2-0.