24фудбал

Саутгејт го изостави Арнолд кој е вон форма сезонава, а Џерард смета дека таквата одлука е потрешна

Џерард, кој запиша 114 настапи за Англија во неговите 14 години репрезентативна кариера, работеше со Александер-Арнолд, во периодот кога 21 годишниот фудбалер беше дел од академијата на Ливерпул.

Англија

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, како и англиски репрезентативец, Стивен Џерард, кој моментално е шеф на стручниот штаб на шкотски Глазгов Ренџерс, не крие дека е шокиран од одлуката на англискиот селектор Герет Саутгејт да го изостави Трент Александер-Арнолд од списокот за фудбалери.

На списокот за фудбалери за претстојните квалификации за Светското првенство против Сан Марино, Албанија и Полска немаше место за бекот на Ливерпул, кој бележи доста лоша сезона зад себе, а целосно се вклопи во сивилото на „Редсите“ кои имаат очајна сезона генерално гледано.

Како и да е, Џерард јасно наведува на тоа дека не се согласува со одлуката на Саутгејт, дури и во ситуација кога формата на Арнолд е воедно и повеќе од очајна сезонава.

Не се согласувам со одлуката на Саутгејт, но јас не сум селектор на Англија, тој ги носи одлуките, јас сметам дека Трент е најдобриот англиски десен бек, едно нешто научив во периодот кога играв фудбал, а тоа е дека не можете постојано да бидете на висина на својата задача“ смета Џерард.

Кога ќе паднете, потребна ви е поддршка, љубов, како и внимание од својот тренер, повеќе од било кој, така, јас бев изненаден од одлуката на Саутгејт, тоа е само мое мислење, а моето мислење можеби и не е важно во моментов“ додаде поранешниот легендарен фудбалер на Ливерпул.

Трент е светска класа од десен бек, најдобриот што нашата земја го има во моментов“ заклучи Џерард.