70
Во саботниот меч голманот на Севиља, Боно со погодок го спаси својот тим од пораз, момент кој ретко се гледа.
По натпреварот тој изјави дека не знаел како да прослави бидејќи никогаш претходно не дал гол.
„Неверојатно е, тешко ми е да опишам, не знаев како да прославам. Мојата работа е на мојот гол, и чудно ми е да се биде во протвничкиот шеснаесетник. Тренерот ми рече да одам во шеснаесетникот и го искористив тоа и среќен сум што постигнав гол“, вели Боно.