Кларенс Сидорф
откако стави крај на кариерата, веднаш започна нов предизвик, го превзеде
кормилото на Милан, клуб за кој настапуваше десет години. Сепак, неговата авантура на Сан Сиро
кратко траеше, по само четири месеци доби отказ.
Холанѓанецот
потоа беше тренер на Шенжен, Депортиво Ла Куруња и репрезентацијата на
Камерун, но никаде не се задржа долго.
Во разговор со
Газета дело Спорт, Кларенс Сидорф вели дека бојата на кожата му создава
проблеми при градењето кариера како тренер.
„Морав да ги
прифатам овие работи за да покажам дека вредам. Превзедов ризик бидејќи имав
малку понуди и сите знаеме зишто е така. Играв 12 години во Италија. По Милан, каде завршив
добра работа, не добив ниту еден повик. Холандија е мојата земја, ниту од даму не
добив еден повик. Зошто големи шампиони не добиваат шанса во Европа, каде
што имаат испишано историја? Зошто Виеира требаше да оди во Њујорк или Анри да
оди во Канада? Нема еднакви можности за тренерите“ – вели Сидорф.