Тајната клаузула на Суарез во договорот со Атлетико Мадрид

by
1 минути читање

Луис Суарез има
активен договор со Атлетико Мадрид со важност до 2022 година, меѓутоа во истиот
договор Уругваецот има и една тајна клаузула за која денеска пишуваше „Марка“.

Постојат повеќе
клаузули, како на пример бонуси поврзани со погодоците, со тоа што Суарез
досега постигна 15 погодоци, но една клаузула посебно може да влијае на
неговата иднина, а истата вели дека на лето би можел да си замине како слободен
играч на трансфер пазарот.

Како и да е, 34
годишниот Суарез се верува дека нема намера да ја активира истата клаузула
бидејќи тој е среќен во тимот на „Јорганџиите“ кои во моментов се на лидерската
позиција во Примера под кормилото на Диего Симеоне, со кого Суарез посебно е
среќен што соработува.

Од друга страна,
„Марка“ додава дека во Атлетико Мадрид воопшто не се загрижени за горе
наведената клаузула, тие се среќни што имаат напаѓач од светска класа кој
докажа дека Барселона направи лош потег што го пушти да си замине кај ривалот.

Суарез на 18
настапи во Примера сезонава во дресот на Атлетико Мадрид успеа да постигне
фантастичен учинок од 16 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×