Анчелоти: Зошто не го прославив голот? Имав чај во рацете, но и не бев сигурен… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Евертон и Тотнем
одиграа еден мошне возбудлив и докрај неизвесен меч во осминафиналето од ФА
купот, но „Карамелите“ беа тие кои на крајот се радуваа на победа од 5-4,
меѓутоа реакцијата на Карло Анчелоти по голот за победа, дело на Бернард беше
вистински хит.

На искусниот
италијански фудбалски стратег не му беше до радување, наместо тоа, се реши да
дува во чајот кој го пиел бидејќи било премногу ладно.

Пиев чај бидејќи
премрзнував, а по 90 минути едноставно не бев во можност да зборувам бидејќи
навистина премногу ми беше ладно
“ рече Анчелоти на денешната пресконференција
во пресрет на мечот со Фулам викендов во 24 коло од Премиерлигата.

Побарав чај во
тие моменти, а кога Бернард го постигна голот за победа, не прославив поради
две причини, прво, имав чај во рацете, а второ не бев сигурен дали голот ќе
биде признаен или не, поради можност за офсајд, бев смирен и кул токму поради
оваа причина, но, најмногу од фактот бидејќи беше премногу ладно
“ додаде
Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×