Мурињо: Објавата на Бејл на инстаграм беше спротивна на реалноста (ФОТО)

by
1 минути читање

Речиси на секоја прес конференција Мурињо треба да одговара на прашања поврзани со Бејл, така беше и денеска во пресрет на дербито со Манчестер Сити.

Во вторникот Бејл објави фотографија на својот инстаграм профил и напиша „Добар тренинг денеска“. Но во средата не се најде ниту на клупата за резерви.

„Морам да признаам дека неговиот пост создаде потреба за објаснување. Има контрадикторност меѓу постот и реалноста“, вели Мурињо.

„Од почеток на сезоната се обидував работитие кои се случуваат во клубот да ги држам зад затворени врати, да бидат приватни, но овој пат сметам дека треба да реагирам поинаку“.

„Веројатно постот не е ни негова одговорност, но покажување дека тренинг сесијата била одлична и јас сум подоготвен е тотално погрешно. Па кога веќе прашавте, треба да ви дадам одговор“.

„Ќе повторам за последен пат. Тој не се чувствуваше добро. Побара скен. Имаше скен. Скенот не покажа повреда но тој чувствуваше дека и покрај тоа нешто не е во ред, тренерите и медицинските лица никогаш не можат да одат против чувствата на фудбалерот“.

„Па тој не беше подготвен за натпреварот. Едноставно тоа е. Доколку биде подготвен за утре, ќе биде селектиран утре“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×