Тренерот на Каен: Имаше пенал за нас, но нема да плачам, ќе му го оставам тоа на Нејмар!

by
1 минути читање

На шест дена пред
дуелот со Барселона во Лигата на шампионите, Нејмар се повреди и е под голем
знак прашалник. Бразилецот падна во болка по еден старт на Јаго, се обиде да
продолжи откако доби лекарска помош, но брзо увиде дека не може да игра,
побара замена и се упати право во соблекувалната.

Тренерот на
домаќините, Паскал Дупраз очигледно нема многу симпатии за напаѓачот на ПСЖ и
испрати мала провокација по крајот на натпреварот.

„ПСЖ вечерва не
одигра на максимум, можевме да извадиме подобар резултат. Требаше да добиеме
пенал за стартот на Паредес врз Јаго (судијата мислеше дека играчот на Каен
симулира и му покажа жолт). Доколку беше обратна ситуацијата, ПСЖ сигурно ќе
добиеше пенал. Погледнете ја повторената снимка, сами ќе видите дека имаше
пенал. Но нема да плачам, ќе му го оставам тоа на Нејмар“
– рече Паскал Дупраз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×