Поставен нов рекорд, никој како Манчестер Сити во историјата на англискиот фудбал (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Пеп Гвардиола играат во страшна форма, пред неколку дена го совладаа шампионот
Ливерпул на Енфилд а вечерва испишаа нова историја во англискиот фудбал.

Манчестер Сити со
1-3 славеше на гостувањето кај Свонси во 5. коло од ФА Купот и стана првиот тим
од најсилното првенство кој забележал 15 победи во низа во сите натпреварувања.

Рекордот
претходно го држеа Престон (1891/92) и Арсенал (1987-88) кои имаа по 14 победи.

Триумфот против
Свонси беше убав јубилеј и за Пеп Гвардиола, кој стигна до победата број 200
како тренер на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×