Реал Мадрид
обезбеди победа во дуелот на домашен терен против Хетафе во заостанатиот меч од
првото коло во Примера, па така „Кралевите“ сега со два меча повеќе од лидерот
на табелата Атлетико Мадрид, заостануваат пет бода.
Реал eдвај собра тим но го победи Хетафе и се доближи на 5 бода до Атлетико (ВИДЕО)
Зинедин Зидан
имаше доста потешкотии во склопувањето на почетниот состав, а голем проблем
беше фактот што на располагање имаше само 13 фудбалери од првиот тим, а дури и во таква
ситуација каде Иско беше достапен за настап, францускиот фудбалски стратег се
реши да му укаже прилика на плејмејкерот дури во 76 минута.
Ако судиме според
односот на Иско, веројатно Зидан со право нема доверба во фудбалерот, кому
веројатно поважна му беше фризурата отколку добро да се загрее пред да влезе на
мечот, а од видеото јасно се гледа дека помошникот на Зидан на моменти го
губеше трпението барајќи тој да почне со загревањето побрзо.