Со овој потег Икарди стави сол на раната на навивачите на Интер (ФОТО)

by
1 минути читање

На реваншот помеѓу Јувентус и Интер видовме од се’ по нешто,
а нема дилеми дека поразениот табор е мошне разочаран поради тоа што не успеа
да обезбеди финале во купот, па од повеќето пикантерии, го издвојуваме и
потегот на Мауро Икарди.

Конте му го покажа средниот прст на раководството на Јувентус (ВИДЕО)

Поранешниот напаѓач на Интер, инаку моментално член на ПСЖ,
не ја пропушти приликата да ги испровоцира навивачите на „Нероаѕурите“ откако му се допаднаа фотографиите од
прославата на „Старата дама“ по пласманот во финалето.

Како за потсетување, 27 годишниот Икарди беше капитен на
Интер, меѓутоа своевремено недоразбирањата со клупското раководство дојдоа до
крајност што му беше одземена капитентската лента, па тогаш неговите денови во
клубот веќе беа изброени, а ПСЖ ланското лето за 50 милиони евра го договори
неговиот трансфер.

Дуелот меѓу Конте и Ањели продолжил и низ ходниците од стадионот

Инаку, Икарди освен што ја лајкна фотографијата на Роналдо, тоа го стори и на
фотографиите кои ги објавија Бонучи,
Дибала, Мората, како и Кијелини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×