Меси на име на даноци платил 370 милиони евра, заедно колку 120.000 Шпанци

by
1 минути читање

Минатиот месец,
Лео Меси се најде во центарот на вниманието откако „Ел Мундо“ го објави
неговиот договор со Барселона тежок 555 милиони евра. Имаше многу реакции со
оглед на финансиската криза во која влегоа „каталонците“ по пандемијата на
коронавирус.

Потоа беше
објавени и детали за другата страна на приказната односно колкав приход
генерира Барселона од Лео Меси, и се говореше дека напаѓачот придонесува во
клупската класа да се влеваат околу помеѓу 200 и 300 милиони евра секоја
година.

„Ел Периодико де
Каталуња“ сега објави каков ќар има државата, Лео Меси од 2017 па до сега на Шпанија
и има платено 370 милиони евра во најразлични даноци.

Весникот вели
дека ниту една друга индивидуа не плаќа ваква сума, која е еквивалентна на данокот
што го плаќаат преку 120.000 Шпанци заедно доколку се земе просечната вредност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×