282
Тренерот на Интер, Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели имаа жестоки навредливи преписки за време на вчерашниот дуел, но тоа не било се.
„Газета дело Спорт“ пишува дека тоа што не го фатиле камерите е нивниот дуел во ходниците од стадионот во Торино.
Нивната расправија полна со навреди се случувала и на полувремето, а во неа се вклучиле и Фабиро Паратичи и Леле Ориали.
Антонио Конте 13 години беше фудбалер на Јуве и три години беше успешен тренер на Старата Дама, но очигледно неговата разделба со клубот од Торино не била пријателска.