Реал eдвај собра тим но го победи Хетафе и се доближи на 5 бода до Атлетико (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Поради повреди и
суспензии, Зинедин Зидан едвај собра тим за дуелот со Хетафе, но и покрај тоа,
Реал Мадрид лесно се справи со градскиот ривал и стигна до победа од 2-0.

Откако беа
пропуштени неколку добри шанси во првиот дел, Бензема го отвори резултатот по
еден час игра. Жуниор нафрли од десно а Французинот одлично се снајде и со
глава ја затресе мрежата на гостите.

Победникот беше
решен во 66. минута,  Марсело уфрли топка
на пет метри а Менди реализираше за 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×