162
Барселона го
ангажираше младиот Шпанец за 5 милиони евра (иако со бонуси зделката може да се
искачи над 30 милиони) па многумина веруваат дека Педри е купен за џабе откако
фудбалерот сериозно се наметна во стартниот состав на Роналд Куман.
„Доколку Педри
беше Педрињо, ќе вредеше 50 милиони евра. Секогаш прво треба да проверите што
имате дома“ – вели поранешниот спортски директор на Барселона, Андони Зубизарета.
Иако тој не
направи конкретна споредба, јасно е дека мисли на Винисиус Жуниор и Родриго од
Реал Мадрид. „Кралевите“ платија по 45 милиони евра за Бразилците, кои тешко се
снаоѓаат на „Сантијаго Бернабеу“.