291
Новите безбедносни мерки во Шпанија велат дека оние кои доаѓаат во земјата а се надвор од Европската унија треба да одат во карантин.
Поради тоа одлучено е мечот од Лига Европа меѓу Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед да добие нова локација, тоа е Торино.
Натпреварот се игра на 18 февруари во 18:55 часот.
Од слични причини нова локација доби и дуелот меѓу Молде и Хофенхајм, овој натпревар ќе се игра во Виљереал.
Претходно беше одлучено мечевите од Лигата на шампионите, Менхенгладбах – Манчестер Сити и Лајпциг – Ливерпул да се играат во Будимпешта.