Се почна како шега, но сега е реалност: Гвардиола ќе му дозволи на голманот Едерсон да шутира пенали

by
1 минути читање

Минатата сезона,
„граѓаните“ промашија шест пенали, па тогаш Пеп Гвардиола на шега велеше дека
можеби Едерсон ќе шутира.

Фудбалерите на
Манчестер Сити не се ништo подобри и оваа сезона, Илкај Гундоган промаши од
белата точка против Ливерпул и стана третиот играч кој не успеа да реализира
најстрога казна.

По пресметката на
„Енфилд“, Пеп Гвардиола одново говореше за можноста Едерсон да шутира пенали,
но само како „половина шега“. Стратегот денеска сепак беше сериозен и призна
дека ова е реалност.

„Негова прва
задача е да брани, потоа да започнува акции, ќе видиме за шутирање пенали. Се
зависи од тоа кои фудбалери се на теренот. Серхио Агуеро во моментов не е фит,
Кевин Де Брајне исто така е повреден. Ќе видиме што ќе се случи против Свонси,
но тој е опција бидејќи сум сигурен дека станува збор за добар изведувач“

вели Шпанецот.

„Играчот што изведува пенали треба да има огромна самодоверба, да рече јас ќе шутирам и ќе
погодам“.

Пред неколку месеци,
Едерсон изјави дека тој е најдобриот пеналџија во Манчестер Сити, но не му
дозволуваат да шутира од белата точка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×