Плачаше зошто оди во Лидс, сега си тера мајтап со противниците и го привлече вниманието на Клоп (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниoт ден од летниот преоден рок, „белите“ го купија Рафиња од Рен за 20 милиони евра.
Тогаш се велеше дека Бразилецот плачел зошто оди во Лидс и сакал да остане уште
една година во Франција.

Но офанзивниот
фудбалер сега се покажува како извонредно засилување, има четири погодоци зад
своето име во Премиерлигата и со своите дриблинзи постојано е закана за
противничката одбрана.

Ова на своја кожа
синоќа го оести ветереанот Гери Кејхил, кој не знаеше што го снајде и немаше
што да направи освен да го фаулира Рафиња.

Во меѓувреме, се
погласно се шпекулира дека Јирген Клоп му фрлил мерак на Бразилецот, скаути на
Ливерпул редовно ги следат настапите и биле прилично импресионирани од она што го
виделе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×