Два нови гола на Суарез, но Селта со гол во 90. минута ја прекина победничката серија на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Луис Суарез игра фантастична сезона и е еден од најзаслужните за одличните игри на Атлетико Мадрид, но овој пат неговите погодоци не донесоа победа.

Селта поведе во 13. минута со гол на Мина, а пред самиот крај на првото полувреме Суарез го изедначи резултатот на 1-1.

По пет минути игра во второто полувреме, Суарез постигна нов гол, овој пат за комплетен пресврт и водство на Атлетико Мадрид од 2-1.

Но во 90. минута Ферејра реализираше за израмнување на 2-2. Атлетико Мадрид немаше време за нов гол.

Сепак и покрај ремито, предноста на Атлетико Мадрид на врвот е голема, тие имаат по осум бода повеќе од Барселона и Реал Мадрид и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×