166
Во јануари 2020
година, Барселона на Брага и плати 31 милион евра за услугите на Франсиско
Тринкао и го остави на позајмица до крајот на сезоната. Минатото лето тој
пристигна на Камп Ноу и доби шанса да се бори за место во првиот тим.
Синоќа, 21
годишното момче го постигна деби голот во дресот на „каталонците“ откако
прекрасно погоди против Бетис и донесе победа од 2-3.
Па за да го
прослави овој момент, Франсиско Тринкао се почасти со Ламборгини вредно 200.000
евра. Попладнево на социјалните мрежи, автомобилскиот дилер „ЈМ Аутомосион“
објави дека фудбалерот на Барселона се подновил со Ламборгини Хуракан ЕВО.