Борусија Менхенгладбах со исти проблеми како РБ Лајпциг, ќе го пречека Манчестер Сити во Будимпешта

by
0 минути читање

Откако РБ Лајпциг
се одлучи да го пречека Ливерпул во Унгарија, истото го стори и Борусија
Менхенгладбах за дуелот со Манчестер Сити.

Германија поради
новиот сој на ковид-19 и зголемениот број на позитивни случаи
ги затвори границите
до 17. февруари, но се очекува забраната да биде продолжена за уште најмалку
две недели, па „ждребињата“ не сакаа да чекаат до 5 до 12 и решија уште седа да
одберат алтернативен терен.

Борусија
Менхенгладбах се одлучи за „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, а мечот ќе се одигра
во првично предвидениот термин на 24. февруари во 21 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×